Регионални извори

Кој е кој, Избори

Бригаден генерал Луис Вебер

висок воен претставник на командата на НАТО во Сараево

(АП, ФЕНА -31/08/05; веб-страница на командата на НАТО во Сараево)
photo

Луис Вебер, бригаден генерал. [Фотографија на Антонио Прленда за SETimes]

Американскиот бригаден генерал Луис Вебер ја презеде функцијата Висок воен претставник на командата на НАТО во Сараево (КН Сараево) на 31 август 2005 година. Тој го замени американскиот бригаден генерал Стивен П. Шук, кој служеше како 9-ти и последен командант на СФОР пред префрлувањето на должностите на силите предводени од НАТО на ЕУФОР на 2 декември 2004 година.

Вебер дипломирал менаџмент на Универзитетот А&М во Тексас, а магистрирал национална безбедност на Поморската школа. Посетувал и училиште за офицерски кадар, како и воен колеџ (соработник на универзитетот Џорџтаун).

Вебер беше назначен за офицер од Универзитетот А&М во Тексас во декември 1975 година. Во периодот 1976-1979 година тој беше во Германија каде служеше на различни функции во оклопните единици во првиот ескадрон, вториот вооружен коњанички полк. По посетувањето на напреден курс за пешадиски офицери, Вебер служеше во Форт Худ, Тексас од 1980 до 1983 како командант на Командната чета, Третиот баталјон, 67-та оклопна единица, а потоа четата Делта, Вториот баталјон, 67-та оклопна единица, првиот оперативен М-1 баталјон на армијата.

Како градоначалник, Вебер повторно служеше во Германија помеѓу 1988 и 1991 година на почетокот како набљудувач-контролор на Центарот за обука за борбени маневри, а потоа како Офицер на третиот ескадрон, вториот оклопен моторизиран полк. Истата функција ја имаше и за време на операциите Пустински штит и Пустинска бура во 1991-та година, после кои беше назначен за Извршен офицер на ескадронот.

За време на неговата служба како командант на Првиот ескадрон, вториот вооружен коњанички полк во Форт Полк, Луизијана од 1994 година до 1996 година, Вебер бил на Хаити во 1995 година за поддршка на мировните операции на ОН. Командувајки со втората бригада, третата пешадиска дивизија во Форт Стјуарт, Џорџија од 1999 до 2001 година, тој беше ангажиран во БиХ за поддршка на Силите за стабилизација на НАТО, а потоа беше командант на групата за операции од 2002 година до 2003 година во националниот центар за обука. Потоа, од 2002 до 2003 година тој служеше како помошник дивизиски командант за поддршка во третата пешадиска дивизија.

Во 2003 година, Вебер беше ангажиран во операциите „Одржување на мирот“ и „Слобода на Ирак“.

Во меѓувреме, тој служел и на други функции, како офицер за областа на Блискиот Исток ; набљудувач во мароканското школо за офицерски кадар, воен набљудувач на ОН во Либан и Синај, политичко воен планер во Воениот штаб и политичко воен планер на здружените сили. Вебер, исто така, беше член на Конгресот во Вашингтон од 1992 година до 1993 година.

Вебер беше назначен за висок воен претставник на НАТО во БиХ додека беше на функцијата директор за обука, началник на штаб (Г-3) во Воениот штаб во Вашингтон.

Во едно интервју од септември 2005 година, Вебер истакна дека приоритетите на НАТО во БиХ вклучуваат успешно завршување на реформите во одбраната, како и предавање на сите воени злосторници во рацете на правдата. Командата на НАТО во Сараево, исто така има улога во борбата против тероризмот, забележа тој.

Вебер има добиено многу одликувања, меѓу кои и: Легија за заслуги (со три ОЛЦ), Бронзена звезда, воен медал за заслуги во одбраната, воен медал за заслуги (со шест ОЛЦ), медал за заслуги за учеството во заедничките операции, медал за заслуги во армијата, медал за угество во експедициите на вооружените сили, медал за учество во операциите на вооружените сили, медал за учество во операциите во Југозападна Азија, медал на ОН и медал на НАТО.

Вебер е оженет и има две деца.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива