![]() |
Гинтер Ферхојген е назначен за висок претставник на ЕУ (за проширување) на 15 септември 1999 година кога Европскиот парламент ги избира Романо Проди за председател на Европската Комисија и неговиот тим од 19 претставници за членови на тоа тело.
Ферхојген е роден на 28 април 1944 година во Бед Кризнаш во Германија. По двегодишна работа како приправник во весникот Ној Рајн-Ној Рур-Цајтунг студира социологија, историја и политика во Келн и Бон од 1965 до 1969 година.
На почетокот на својата кариера, Ферхојген е шеф на одделот за односи со јавност на Геманското Министерство за внатрешни работи од 1969 до 1974. Потоа е поставен на чело на Групата за Анализи и Информации во Федеративното Министерство за надворешни работи, функција на која останува се до 1976 година.
Од 1977 до 1978 година, Ферхојген е Федерален партиски директор на Слободната Демократски Партија (СДП), и од 1978 до 1982 генерален секретар на СДП.
Во 1982 тој ја напушта СДП за да и се вклучи на Германската центристичка Социјалдемократска партија (СДП). Од 1983 до 1999 тој е член на германскиот Бундестаг, и за тоа време работи во многу парламентарни комитети; Комитет за надворешни работи (1983-1998); председател е на Специјалниот комитет на ЕУ (1992); и член на Комитетот занадворешни работи(1994-1997).
Како член на СДП, Ферхојген е портпарол на националниот извршен одбор (1986-1987); Федеративен директор на партијата(1993-1995); потпредседател на СДП; член ан парламентарната група за надворешни работи, безбедност и развојна политика(1994-1997); и член на Националниот извршен одбор на СДП (1997).
Ферхојген исто така работи како главен уредник на весникот на СДП-Вурварц, од 1987 до 1989 и како председател на радиодифузниот совет Дојче Веле од 1990 до 1999 година.
Во 1997 е избран за председател на Социјалистичкиот Совет за Меѓународен мир, безбедност и разоружување. Во 1998 назначен е за државен министер на федеративната канцеларија за надворешни работи. На таа функција останува до септември 1999 година кога е избран за член на Европската Комисија, одговрен за проширување на истата.
Според Ферхојген, проширувањето на ЕУ е можност да се постигне долготрајна стабилнот и безбедност во Европа и процес кој ќе ја зацврсти европската интеграција. "Поблиска соработка на полето на полиција, безбедност и одбрана ќе ја направи проширена Европа подобро опремена во борбата против меѓународниот тероризам и организираниот криминал. Проширувањето понатаму значи првенствено: зголемување на економската и политичката стабилност и зголемена безбедност за Европа и нејзините граѓани." , изјавува тој.