Регионални извори

Кој е кој, Избори

Џузепе Валото

Командант на КФОР

(Веб-страница на КФОР)
photo

Комндантот на КФОР генерал-полковник Џузепе Валото ја започна својата функција на 1-ви септември 2005-та година, заменувајќи го генерал-полковник Ив де Кермабон. Церемонијата беше одржана во главниот штаб на КФОР во Приштина.

Валото е роден во 1946-та година во Венеција, Италија. Посетувал настава во италијанската воена академија во Модена, а во 1968-та година добива чин потпоручник на моторизираната единица. Тој поседува универзитетска диплома за стратегиски науки

По завршувањето на основниот и напредниот курс во училиштето за офицерски кадар во Италијанската армија (1980-81; 1984-85), Валото стана офицер во Италијанскта армија – Г1 дивизија (1985-1987).

Искуството на Валото како командат опфаќа командант на 20-от тенковски баталјон „М.О Пентимали“ во Лењано (1987-1989), командант на туринскиот воен округ (1991-1992), командант на 1320та вооружена бригада „Ариете“ (март 1997-јули 1999), командант на мултинационалната бригада Север во Сараево (октомври 1998-април 1999), командант во италијанската воена академија (1999-2001) и заменик-командант Здружените единици за брза интервенција во Реиндален, Германија, во периодот од 31-ви јули 2001-ва година до 16-ти јули 2004-та година.

Во 2003-та година, на Влаото му беше доделена титула командант од страна на италијанскиот претседател Карло Азељо Чампи.

Во периодот од 24-ти јули 2004-та година до 30-ти август 2005-та година, тој беше шеф на генерал-штабот на армијата во Рим. Тој е десеттиот командант на КФОР од нивното ангажирање на Косово.

Валото е оженет и има син и ќерка.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива