![]() |
Борис Трајковски е назначен за председател на Република Македонија на 15 декември 1999 година, наследувајки го Киро Глигоров. Пред да сане председател, работи како заменик министер за надворешни работи во десно-центрираната влада на Љубчо Георгиевски, државниот Премиер. Трајковски, правник по професија, има необична карактерситика.Тој е методистички свештеник во претежно православна и муслиманска земја. Тој се откажува од комунизмот и од православието за време на студирањето теологија во САД и се враќа во својата родна држава за да и се вклучи на македонската мала протестантска заедница. Многу аналитичари шпекулираат дека минатото на Трајковски може да послужи во работата за најважните македонски прашања: одржување на мирот помеѓу републичкото големо етничко албанско малцинство и етничкото мнозинство на православните.
Иако про-европската и анти-комунистичка реторика на Трајковски има позитивен оддек меѓу македонските и меѓу албанските избирачи, се верува дека Албанците беа главната движечка сила за победата на Трајковски во вториот круг над Тито Петковски, председателски кандидат на социјалдемократите кој води во првиот круг. Додека Социјалдемократската партија одбира тврда линија во однос на незадоволството на албанското малцинство, Трајковски, чија партија е во коалиција со најголемата албанска партија во државата од 1998 година, дава поумерени изјави во поглед на барањата на малцинските групи. Кратко по вториот круг на изборите, албанскиот водач Арбен Џафери ги повикува своите поддржувачи да гласаат за Трајковски, ефикасно зацврстувајки ја неговата кандидатура за председател.
Судирите помеѓи македонските сили и етничките албански герилци го ставаат Трајковски пред голем предизвик. Командантот и председател мора да оди по тенка линија помеѓу конфликтните барања на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, чие избирачко тело го сочинуваат националистички определени десничари, и незадоволни Албанци кои се чувствуваат одговорни за изборот на Трајковски и сметаат дека ја заслужуваат неговата поддршка.
Трајковски е роден во Струмица, Македонија. Оженет е и има две деца.