Регионални извори

Кој е кој, Избори

Константинос (Костис) Стефанопулос

Претседател на Република Грција

(Aтинска Новинска Агенција)
photo

Константинос Стефанопулос е за првпат избран за претседател на Република Грција во 1995, повторно избран на 8 февруари 2000.

Роден е во Патрас во 1926.

Стефанопулос е адвокат. Дипломира право на Универзитетот во Атина, со што е поврзан голем дел од неговата професионална кариера.

Во 1964, Стефанопулос е избран за член на грчкиот парламент од страна на Националниот Радикален Сојуз. Десет години подоцна, се приклучува на партијата Нова Демократија (НД) и е избран во нејзиниот централен комитет. Исто така е назначен на функцијата портпарол на партијата. Во 1985, Стефанопулос ја напушта НД и станува еден од ко-основачите на партијата за Демократска Обнова (ДХАНА). Во 1994, ја напушта и решава да се повлече од политиката по неуспехот на партијата да добие репрезентација во Европскиот Парламент.

Во март 1995, Стефанопулос е избран за неговиот прв претседателски мандат. Номиниран е за местото од страна на партијата Политичка Пролет (Политики Аникси), и поддржан од владеечката ПАСОК (Панхеленско Социјалистичко Движење). Во февруари 2000, тој е реизбран од страна на Грчкиот парламент. Неговата номинација е поддржувана од двете главни политички партии во Грција.

За време на неговата кариера, Стефанопулос бил Министер за Трговија (1974), Министер за Внатрешни Работи (1974-1976), Министер за Социјална Работа (1976-1977) и Министер за Претседателот (1977-1981).

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива