Регионални извори

Кој е кој, Избори

Бригаден генерал Стивен П. Скук

командант на НХКСа

(Веб-страница на СФОР; ББС - 23/10/04; АП, АФП, РФЕ/РЛ - 05/10/04)
photo

Американскиот бригаден генерал Стивен П. Шук ја презеде командата на постојаниот Штаб на НАТО во Сараево (НХКСа) на 2-ри декември 2004 година. Деветти и последен командант на Силите за стабилизација (СФОР), предводени од НАТО, Шук стапи на новата функција со предавањето на мировната мисија во Босна и Херцеговина (БиХ) на силите предводени од ЕУ (ЕУФОР).

Роден и израснат во Монт Клеменс, Мичиген, Скук дипломира на американската Воена Академија и американскиот поморски воен колеџ во Њупорт, Род Ајланд.

Во текот на својата воена кариера, Скук извршува различни функции како командант. Од 1997-та до 2000-та година, тој е началник на Здружениот штаб, Дивизија за конвенционални воени планови, подоцна предводејќи ја Здружената дивизија за доктрина, оперативни планови и интероперативност. Подоцна, служи како извршен офицер на командантот на Командата на американските воени сили во Форт Мекферсон, Џорџија.

Скук беше назначен за командант на СФОР додека ја извршуваше функцијата началник на штабот на КФОР во Приштина.

Со започнувањето на ЕУФОР преостанатото присуство на НАТО во Сараево ќе се фокусира на давањето совети за одбранбените реформи на властите во БиХ, контратероризмот и апсењето на осомничените за воени злосторства, кои ги бара Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ).

„Вратата кон Партнерството за мир е отворена за БиХ“, рече Скук откако ја презеде командата врз СФОР. Тој истакна, сепак, дека целосната соработка со ИЦТУ – вклучувајќи го и апсењето и предавањето на обвинетите воени злосторници – е клучен предуслов кој БиХ мора да го исполни.

Скук е оженет и има две деца.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива