![]() |
Бајрам Реџепи стана првиот премиер на Косово на 4-ти март 2002 година, по општите избори во провинцијата на 17-ти ноември 2001 година. Како висок член на Демократската партија на Косово (ДПК), која на изборите заврши втора според бројот на гласови, неговата номинацијата за функцијата произлезе од договорот за поделба на власта меѓу трите главни албански партии во провинцијата.
Реџепи е роден на 3-ти јуни 1954 година во градот Митровица. Во моментов хирург, Реџепи во 1979 година дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, а потоа во 1985 година завршил постдипломски студии во Загреб. До 1990 година работи како општ хирург и специјалист за ендоскопија во регионалната болница во Митровица. Потоа, тој станува лидер на градската владата во сенка , како и член на косовскиот Парламент.
За време конфликтот со Србија во 1999 година, Реџепи и се приклучува на Ослободителната војска на Косово и минува три месеци во планините како теренски лекар во оперативната зона Шала.
По војната, Реџепи станува претседател на Општинскиот совет на Митровица и градоначалник на јужниот дел на поделениот град, како и шеф на градскиот партиски огранок на ДПК. На општите избори на 17 ноември 2001 година, ДПК доби 25,7 отсто од гласовите, со што го зазеде второто место, по Демократската лига на Косово на Ибрахим Ругова.
На 4-ти март 2002 година, по тримесечни преговори, Косовското собрание го избра Реџепи за прв премиер на Косово, а Ибрахим Ругова за претседател на провинцијата. И Реџепи и Ругова се сметаат за умерени политичари. По неговиот избор, премиерот изјави дека неговата непосредна цел ќе биде “надминување на одложувањето и формирање на влада”.
За време на една посета на Вашингтон во мај 2002 година, Реџепи искажа увереност дека новоформираните институции на Косово се во состојба да “ги исполнат сите аспекти од самоуправата”. Говорејќи пред група официјални претставници на САД, невладини организации и менаџери на претпријатија во Институтот за мир во САД, Реџепи истакна три приоритети на неговата Влада: подобрување на економијата и на животниот стандард, зголемување на етничката толеранција и помирување, како и разрешување на нејасниот статус на Косово.
Реџепи живее во северна Митровица со неговата сопруга и со ќерката.