Регионални извори

Кој е кој, Избори

Романо Проди

Председател на Европската Комисија

(Официјална веб страница, ББС, Џејнс Дифенс, Гардиен)
photo

Европскиот парламент го избира Ронано Проди за председател на Европската Комисија во септември 1999 година. Тој застанува на местото на Жак Сантер, чиј тим дава колективен отказ поради скандал за корупција.

Проди е роден на 9 август 1939 година во Скандиана, Италија. Дипломира право на Католичкиот универзитет во Милано, а постдипломски студии посетува на Лондонскиот факултет за економија.

Најголем дел од академската кариера на Проди е поврзана со Универзитетот во Болоња, каде тој работи како асистент по Политичка економија од 1963 до 1971 година, и потоа како професор по Индустриска организација и Индустриска политика се до 1999 година. Во меѓувреме тој исто така работи како Истражувач во Ломбардскиот Институт за Економија и Социјални Студии (ИЛСЕС) од 1963 до 1964, и во Истражувачкиот Институт во Станфорд. Од 1973 до 1974 година, предава Економија и Индустриска политика на Слободниот Универзитет во Трент, а работи и како гостувачки професор на Универзитетот Харвард во 1974 година.

Проди навлегува во политика 1978 година кога е назначен за министер за индустрија, функција што ја напушта 6 месеци подоцна во 1979 година. Председател е два пати на Институтот за Индустриска Реконструкција (ИРИ) -- во 1982-89, и во 1993-94. Во 1995 станува председател на Уливо ("маслиново дрво"), централно левистичка коалиција и помеѓу април 1996 и ноември 1998 ја води владата на Италија како премиер. Помеѓу 1996 и 1999 тој е исто така пратеник во парламентот.

Како премиер, Романо Проди води политика на фискална и финансиска дисциплина која помага да се намали јавниот долг и да се намали дефицитот на земјата на ниво од три проценти, услов потребен да се влезе во системот на заедничката европска валута. Тој исто така воведува реформи во јавната администрација, фискалното планирање и во корпоративните закони на владата. Владата на Проди е втор кабинет по Втората Светска Војна кој останува најдолго на власт.

Во март 1999, Романо Проди е номиниран за председател на Европската Комисија. Шест месеци подоцна ја превзема таа должност со високи надежи за брзи реформи. Кога стапнува на должност, изјавува: "Јас сум одлучен да ја трансформирам Комисијата во модерна, ефикасна администрација која ја научила лекцијата со претходното искуство и која ќе воведе ред в куќи." Некои од новите предизвици за новиот председател се: проширување на ЕУ, воведување на единствена валута-евро, и враќање на доверба во институциите. На 11 септември 2001, терористичкиот напад на САД му налага нов предизвик - да обезбеди подобра хармонизација и поблиска соработка во борбата против теророзмот и криминалот.

Романо Проди е женет со Флавија, и има два сина.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива