![]() |
Колин Пауел е назначен за државен секретар на НАТО на 20 јануари 2001. Како пензиониран генерал со 4 ѕвезди, Пауел внесува 35 годишно искуство на таа позиција, вклучувајки 4 години како началник на Здружениот генералштаб на американските вооружени сили. Њујорк Тајмс го опишува Пауел како "многу упатен, генерал-политичар, прикажуван како модел за армиски генерал во времето кога дипломатските финеси се чинат еднакво важни како и военото искуство.
Син на емигранти од Јамајка, Пауел е роден на 5 април 1937 во Харлем, во близината на Њујорк, а е изрснат во Јужен Бронкс. Татко му работи како градинар и како домар на зграда, како и магационер, службеник и раководител на текстилниот дистрикт во Менхетен. Мајка му работи како шивачка. Пауел се школува во државните училишта на Њујорк и дипломира геологија на универзитетот во Њујорк. Се вклучува во програмата за обуката на резервни офицери додека е на колеџ, и се здобива со чин потполковник со дипломирањето во 1958. После две години на должност во Виетнам, Армијата го праќа на универзитетот Џорџ Вашингтон каде магистрира Бизнис Администрација во 1969 година.
Годината 1972 претставува пресвртница во неговата кариера. Тој е избран да добие престижна стипендија од Белата Куќа и има можност да го проучува американскиот политички систем работејки во Канцеларијата за управување и буџет. По службата во Јужна Кореја, Пауел се враќа во Вашингтон да работи во Пентагон во следните 4 години под председателство на Џими Картер. Тогаш работи како постар помошник во одделот за Енергија цела година. Во 1983 година станува воен помошник на секретарот за одбрана Каспер Вејнергер. По работењето во министерството за одбрана, Пауел се враќа на терен за да командува со петтиот армиски корпус во западна Европа. Во 1986 се враќа назад во Белата Куќа, овојпат како заменик национален советник за безбедност за време на владеењето на Роналд Реган. Во 1987 е назначен за асистент на председателот за прашања по национална безбедност, функција на која што останува се до јануари 1989. Пауел станува председател на Здружениот генералштаб на американската војска во октомври 1989 година , и останува на таа функција во владеењето на двата председатела, и на Бил Клинтон и на Џорџ Буш, се до неговото пензионирање во 1993 година.
По пензионирањето од Армијата, Пауел поминува три години пишувајки ја својата биографија "Моето Американско Патување" која беше објавена во септември 1995 година. Пред превземањето на функцијата државен секретар, пензионираниот генерал работи како основач и председател на организацијата "Ветување на Америка: Алијанса за млади" организација која работи со корпорации, добротворни организации и заедници промовирајки волонтерска работа со цел да им се помогне на хендикепираните млади.
Пауел ја среќава својата сопруга Алма Вивиен Џонсон на состанок на слепо. Тие имаат три деца и две внучиња.