![]() |
Борислав Паравац беше назначен за член на тројното претседателство на Босна и Херцеговина (БиХ) на 10-ти април 2003 година, пополнувајќи го испразнетото место по оставката на Мирко Шаровиќ. Претставувајќи ја заедницата на Србите во земјата, Паравац, исто така, го наследи својот претходник и како ротирачки претседател.
Роден во Коштајница на 18-ти февруари 1943 година, Паравац дипломирал на Економскиот факултет во Загреб во 1966 година. До 1990 година, бил на различни високи позиции во индустриски, комерцијални и други претпријатија. Потоа бил и на функцијата градоначалник на Добој.
Паравац беше член на парламентот на Република Српска од 1996 до 2002 година. Тој стана член и прв заменик-претседател на парламентарниот претставнички дом на БиХ по општите избори во земјата одржани на 5 октомври 2002 година.
Во април 2003 година, Шаровиќ даде оставка поради аферата за извоз на оружје, а Демократската партија на Србите го назначи Паравац за негов наследник во претседателството.
Паравац, сметководител и финансиски ревизор, рече дека економските реформи ќе бидат негов основен приоритет.
Паравац е оженет и е татко на две возрасни деца.