Регионални извори

Кој е кој, Избори

Драган Микеревиќ

премиер на Република Српска

(Официјална веб страна, разни телеграфски извештаи)
photo

Драган Микеревиќ беше избран за премиер на босанско-српскиот ентитет на Босна и Херцеговина (БиХ) на 17 јануари 2003 година, по општите избори одржани неколку месеци пред тоа. Умерен политичар, некогашен федерален премиер на БиХ, Микеревиќ го замени Младен Иваниќ, кој ја предводеше првата мултиетничка влада на Република Српска (РС).

Микеревиќ е роден на 12 февруари 1955 година во Добој. Тој има магистерска и докторска диплома по економија, добиени во 1990 година и 1996 година на Економскиот факултет во Суботица, град во северниот дел на Србија.

Во неговата професионална кариера, Микеревиќ зазема разни места со сй поголема одговорност во Фондот за здравствено осигурување на РС. Тој е, исто така, професор по економија на Универзитетот во Бања Лука, каде предводел и разни експертски тимови.

Микеревиќ од 1999 година е член на Партијата за демократски напредок на Младен Иваниќ.

На 15 март 2002 година, тој го замени Босанецот Златко Лагумџија на местото шеф на централната влада на БиХ, задржувајќи го местото министер за европска интеграција.

Кога беше избран за премиер, Микеревиќ изјави дека неговата влада ќе се фокусира на европската интеграција и социјалните и економските реформи во земјата и се заложи да ја намали невработеноста и да привлече повеќе странски инвестиции.

Набрзо по стапувањето на функцијата, Микеревиќ го повика босанскиот Србин Радован Караџиќ, обвинет за воени злосторства, и другите бегалци од законот да се предадат на Трибуналот на ОН во Хаг, бидејќи им штетат на интересите на Република Српска.

Микеревиќ е оженет и има две деца.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива