Регионални извори

Кој е кој, Избори

Светозар Маровиќ

претседател на Србија и Црна Гора

(Веб страна на Парламентот на Црна Гора, Профил на земјата на ББС, SEE Online; Ројтерс, ББС, БЕТА - 07/03/03)
photo

Црногорскиот адвокат Светозар Маровиќ на 7 март 2003 година беше избран за прв претседател на новата заедница Србија и Црна Гора, помалку од еден месец по укинувањето на поранешната југословенска федерација. Маровиќ, исто така, ќе биде на чело на заедничкиот петчлен Совет на министри на заедницата.

Маровиќ ја зазеде функцијата во време кога и Србија и Црна Гора беа без избрани претседатели и помалку од една недела пред во Србија да биде воведена вонредна состојба по атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ на 12 март.

Маровиќ е роден на 31 март 1955 година во градот Котор. Тој дипломира на Правниот факултет во Подгорица. Ко-основач е и заменик-претседател на црногорската Демократска партија на социјалисти (ДПС), која се залага за независност.

Маровиќ за прв пат беше избран за член на Парламентот на Црна Гора во 1990 година. Тој помеѓу 1994 и 2001 година три пати беше избран за негов спикер и, исто така, беше на чело на собраниската комисија за надворешни работи. Тој бил и генерален секретар и заменик-претседател, како и федерален и црногорски пратеник на ДПС.

Во неговиот говор за време на инаугурацијата за претседател на 7 март 2003 година, Маровиќ ја опиша спогодбата, која доведе до создавање на новата полабава заедница, како "првата демократска спогодба меѓу Србија и Црна Гора воопшто". Претседателот рече дека главниот акцент на неговата работа во трите години пред двете Републики да можат да се отцепат од заедницата е на подобрување на животниот стандард на луѓето на Србија и Црна Гора. Исто така, Маровиќ се заложи да соработува со Трибуналот за воени злосторства на ОН во Хаг.

Покрај тоа што е активен политичар, претседателот на Србија и Црна Гора има пишувано за бројни дневни весници, неделници и магазини и бил иницијатор на разни културни настани во градот Будва.

Светозар Маровиќ е оженет и има две деца.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива