Регионални извори

Кој е кој, Избори

Нико Лозанчиќ

претседател, Федерација Босна и Херцеговина

(Официјална веб-страница, различни извори)
photo

Нико Лозанчиќ стана претседател на Федерацијата Босна и Херцеговина на 27-ми јануари 2003 година. Тој беше избран од страна на парламентот на Федерацијата после општите избори одржани во октомври 2002 година.

Како хрватски член на чело на претседателството на Федерацијата, Лозанчиќ отслужува со двајца заменици-претседатели, Босанецот Шахбаз Џихановиќ и Србинот Десница Радивојевиќ. Тие ќе отслужат мандати од по четири години, заменувајќи ги претходниот претседател на Федерацијата Сафет Халиловиќ и заменик-претседателот Карло Филиповиќ.

Лозанчиќ е роден во 1957 година во Какањ. Како дипломиран правник, тој беше локален советник и подоцна член на Домот на народот. Исто така, членувал и во Домот на претставници на државно ниво.

Лозаниќ е член на Хрватската демократска унија (ХДЗ), а имаше функција на заменик-претседател на партијата во изминатите две години. Тој кратко раководеше со партијата во периодот кога лидерот на ХДЗ Анте Јелавиќ беше разрешен од позицијата хрватски член на претседателството на Босна и Херцеговина во март 2001 година.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива