Регионални извори

Кој е кој, Избори

Генерал-полковник Роланд Катер

командант на КФОР

(АП, АФП, Ројтерс, УПИ, КФОР)
photo

Германскиот генерал-полковник Роланд Катер дојде на позицијата командант на КФОР на 1-ви септември 2006 година, на местото на италијанскиот генерал-полковник Џузепе Валото. Катер е 11-тиот командант по распоредувањето на мировните сили предводени од НАТО во Косово, во јуни 1999 година.

Катер е роден на 17-ти мај 1949 година во Бенемулен, во близина на Хановер, Германија. Во 1968 година тој им се приклучи на германските вооружени сили, Бундесвер, како доброволец во 6-тиот Оклопен извиднички баталјон во Еутин. Помеѓу задачите што Катер ги извршуваше по завршувањето на својата офицерска обука, беа и предводник на вод и член на генералштабот. Тој беше командант на чета во 6-тиот Оклопен извиднички баталјон до 1979 година.

Од 1979 до 1981 година Катер ја помина обуката на генералштабот во Колеџот на командата и персоналот на Бундесвер во Хамбург, по што беше назначен за штабен офицер Г4 во 18-тата Оклопна бригада во Неумунстер.

Од 1983 до 1984 година Катер ја помина Академијата на Генералштабот на шпанските вооружени сили во Мадрид.

Катер беше началник на штабот на Организациониот оддел на германското Министерство за одбрана во средината на 1980-тите, началник на оддел и штабен офицер на Генералштабот на вооружените сили од 1991 до 1995 година и заменик-командант на Командата и операциониот центар на Бундесвер во периодот 1997-1999 година.

Тој, исто така, беше командант на баталјон на 6-тиот Оклопен извиднички баталјон во Еутин од 1989-1991 година, началник на штаб во Вооружената дивизија на Воената окружна команда III/7 во Дизелдорф во периодот 1995-1996 година и командант на 42-рата Оклопна бригада „Бранденбург“ во Потсдам во 1999 година. По назначувањето за началник на штаб на Командата на германските вооружени сили во Кобленз во февруари 2001 година, Катер стана командант на 13-тата Механизирана пешадиска дивизија во Лајпциг во септември 2003 година.

Во текот на својата кариера, Катер, исто така, служеше во Врховниот сојузнички штаб на Силите на НАТО во Европа (СХАПЕ) во Монс, Белгија, во доцните 1980-тите, и во мисијата на НАТО, ИФОР, во Трогир, Хрватска, како началник на штаб на германскиот контингент од април до август 1996 година. Од декември 1999 година до јуни 2000 година, тој беше командант на Мултинационалната бригада Југ на КФОР и командант на германскиот контингент во Призрен.

Катер ја презеде должноста командант на КФОР повеќе од шест месеци по почетокот на преговорите предводени од ОН за финалниот статус на Косово. Тоа беше година кога се обликуваше иднината, рече германскиот генерал на церемонијата на смена на командата во Приштина, ветувајќи дека силите предводени од НАТО, од околу 17.000 припадници, ќе ја загарантираат стабилноста во нестабилната покраина.

„Не гледам никакви пречки на патот -- и ако ги има ќе ги отстраниме, можете да бидете сигурни во тоа“, рече тој.

Катер е оженет.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива