![]() |
Јон Илиеску е избран за председател на Романија на 10 септември 2000. Илиеску, Романскиот прв пост-комунистички председател од 1990 до 1996 повторно се здобива со таа позиција по чистата победа над ултра-националистот Корнелиу Вадим Тудор. Тој го наследува центристот Емил Константинеску.
Роден е на 3 март 1930. Дипломира на Политехничкиот Институт во Букурешт и на Институтот за енергијаво Москва. Во 1978 тој е соосновач на Сојузот на Здружението на Романските Студенти и во 1956 на Сојузот на Здружување на Романските факултетски студенти. Во 1955 Илијеску се вработува во Институтот за електро-инженеринг во Букурешт како дизајн инженер. Помеѓу 1967 и 1971 работи како Министер за млади.
Во 1971, Илиеску е секретар на централниот комитет на Романската Комунистичка Партија, но ја губи оваа позиција по критизирањето на политиката за "културна револуција"на Николај Чаушеску. Тој продолжува со својот критицизам и како потпредседател на окружниот совет на Тимиш и претседател на окружниот совет на Лаши помеѓу 1974 и 1979, за да постепено биде истуркан од политика.
Помеѓу 1979 и 1984, Илиеску е на чело на Националниот Совет за водни ресурси и подоцна за Техничката издавачка куќа, се до Романската Револуција во Декември 1989 кога Илиеску станува председател на Советот на Националниот Фронт за Спас.
Во Февруари 1990, на чело е на Привремениот Совет за Национално Единство. Избран е за председател на Романија во мај 1990 и победува на првите председатеслки избори по усвојувањето на романскиот нов Устав, во октомври 1992.
После неговиот мандат, избран е за сенатор на Партијата за Социјална Демократија на изборите во неомври 1996 и потоа за претседател на партијата во јануари 1997.
По второто земање на претседателската заклетва, во декември 2000, Илиеску ветува дека ке се бори за намалување на сиромаштијата и ке работи на убрзување на процесот за влегување на Романија во ЕУ.