Регионални извори

Кој е кој, Избори

Карла дел Понте

главен тужител во Хашкиот Суд

(ББЦ, СНН, Гардиен)
photo

Карла дел Понте е поставена за главен тужител на Меѓународниот Криминален Суд (МКС) и Меѓународниот Криминален Суд за Руанда (МКСР) во август 1999, наследувајки ја Луиз Арбур.

Родена на 7 Февруари 1947 година во Лугана, Швајцарија, Дел Понте студира право во Берн и Женева, како и во Британија. Таа го положува правосудниот испит во 1972 година.

По завршувањето на студиите, Дел Понте се приклучува на приватна адвокатска канцеларија во Лугана, која ја напушта во 1975 за да оформи своја сопствена канцлеларија. Во 1981 поставена е за истражен судија, а подоцна и за јавен тужител во канцеларијата на окружниот првобранител во Лугана. Како јавен тужител, дел Понте се занимава со случаи на измами, трговија со дрога, шверц на оружје, тероризам и шпионажа.

За време на тој период, таа и извршниот судија Џовани Фалконе ја откриваат врската помеѓу швајцарското "перење на пари" и италијанската трговија со дрога во таканаречениот "пица-врска"случај. Како резулатат на тоа, судијата Фалконе е убиен со бомба поставена во неговиот автомобил. ДелПонте има повеќе среќа со тоа што половината тон експлозив поставен во темелите на нејзината куќа во Палермо е откриен на време и таа го избегнува планираниот атентат неповредена. Смртта на Фалконе само ја јакне нејзината решителност да се бори против организираниот криминал. После пет години поминати на местото јавен правобранител на Швајцарија, во 1999 делПонте се вклучува во МКС и МКСР и почнува да се занимава со воен криминал. Зборувајки за воените злосторства извршени за време на Балканските конфликти во деведестите, делПонте изјавува во едно интервју на крајот на 2001: "Правда за жртвите и за преживеаните бара разбирање и напор на меѓународно и национално ниво." Таа гледа на судењето на бившиот Југословенски претседател Слободан Милошевиќ како на многу важно, но се колне дека нема да престане додека сите клучни осомничени не се изведат пред суд.

Дел Понте е рзведена и има еден син.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива