Регионални извори

Кој е кој, Избори

Драган Човиќ

член на Претседателството на Босна и Херцеговина

(Официјална веб страна, веб страна на Хрватската демократска унија, ОН)
photo

Драган Човиќ стана член на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина (БиХ) на 28 октомври 2002 година, по општите избори во земјата, кои се одржаа на 5 октомври 2002 година. Човиќ, како претставник на босанско-хрватската заедница во земјата, и двајцата други членови на колективното претседателство, Босанецот Сулејман Тихиќ и босанскиот Србин Мирко Шаровиќ, беа избрани со директно народно гласање со мандат од четири години, заменувајќи ги Јозо Крижановиќ, Бериз Белкиќ и Живко Радишиќ.

Човиќ, од Хрватската демократска унија, го доби своето место во колективното претседателство со 61,5 отсто од гласовите на босанските Хрвати.

Човиќ е роден на 20 август 1956 година во Мостар. Има магистерска диплома од Машинскиот факултет при Универзитетот во Мостар и друга диплома од Економскиот факултет при Универзитетот во Сараево, и двете добиени во 1989 година. Седум години подоцна, Човиќ докторирал на Универзитетот во Мостар.

Човиќ работи во компанијата “СОКО” во Мостар веќе 21 година, заземајќи високи управнички позиции за време на најголемиот дел од неговата кариера таму.

Од 1998 година до 2001 година, Човиќ беше заменик-премиер и министер за финансии на муслиманско-хрватскиот ентитет на земјата, Федерацијата на Босна и Херцеговина, а подоцна како хонорарен предавач на Машинскиот факултет во Мостар.

За време на посетата на ОН, заедно со Шаровиќ и Тихиќ, во декември 2002 година, Човиќ изјави дека приоритетите на трипартитното претседателство се да се создаде силна влада и судство, како и да се спроведат економските реформи, нагласувајќи дека, со модернизирањето на нејзините стандарди до нивото на Европа и поширокиот свет, БиХ ќе биде сила за стабилност во регионот.

Човиќ е оженет и има две ќерки.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива