Регионални извори

Кој е кој, Избори

Владо Бучковски

премиер на Македонија

(ББС-и - 07/05/06; Југоисточна Европа онлајн - 16/12/04; Ројтерс, МИА, Макфакс - 17/12/04; ФТ - 16/12/04; АП, Макфакс, МИА - 15/12/04; Македонска новинска агенција; Википедиа)
photo

[Getty Images]

Владо Бучковски, лидерот на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), беше назначен за премиер на 17-ти декември 2004-та година, речиси еден месец по повлекувањето на неговиот претходник, Хари Костов.

Бучковски е роден на 2-ри декември 1962-та година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1986-та година. Магистрира и докторира на истиот факултет, во 1991-та и 1998-та година.

Во периодот од 1987-та до 1988-та година, Бучковски работи како експерт во Македонскиот парламент. Во 1988-та почнува да работи на Правниот факултет во Скопје, на различни работни места. Во 2003-та година, тој станува вонреден професор.

Од 1998-та до 2000-та година Бучковски беше член на Државната изборна комисија , а од 2000-та до 2001-та година тој беше претседател на Советот на град Скопје.

На 13-ти мај 2001-та година тој беше назначен за министер за одбрана во владата на широката коалиција предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, служејќи на таа функција до 26-ти ноември истата година.

Бучковски повторно стана министер за одбрана на 1-ви ноември 2002-та година, кога тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски беше избран за премиер по втор пат во неговата кариера, по победата на неговата партија на парламентарните избори, месец и половина претходно. На 15-ти септември, Бучковски стана шеф на владиниот правен совет.

По неговата победа на предвремените претседателски избори во април 2004-та година, Црвенковски замина од СДСМ. На 26-ти ноември истата година –осум дена по ненадејната оставка на Костов – Бучковски го замени Црвенковски како лидер на СДСМ и му беше даден мандат да ја формира новата македонска влада.

На 15-ти декември 2004-та година, Бучковски го поднесе до парламентот својот предлог за 18-члениот кабинет, вклучувајќи осум министри од тимот на Костов и уште десет нови министри. Тој вети дека ќе го забрза процесот на имплементација на реформите неопходни за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, издвојувајќи ги економскиот развој, реформите во правосудството и борбата против криминалот и корупцијата меѓу другите главни приоритети на предложената влада. Тој, исто така, вети „доследна имплементација на Рамковниот договор“, кој стави крај на шест-месечниот етнички конфликт во Македонија во 2001-та година.

„Решавањето на меѓуетничките тензии и исцрпувачките политички борби одзема толку многу време и енергија така што не можеме да се посветиме на решавање на вистинските проблеми со кои се соочува народот“, изјави тој во парламентот отакако ги изложи во кратки црти своитеприоритети. „Оваа влада нема намера да му дозволи на никој да ја дестабилизира безбедносната ситуација во Македонија“.

Парламентот, со 120 пратенички места, го изгласа неговиот предлог со 71 глас за и 25 гласа против.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива