Косово -- hronologija na nastanite

15/12/2006

(AP, BBC, CNN, Electronic Telegraph, US Department of State)

1989

Автономијата на Косово беше укината според измените на српскиот устав, со што покраината беше ставена под директна контрола на Белград.

Слободан Милошевиќ беше избран за претседател на Србија.

1990

Илјадници косовски Албанци учествуваа во немирите. Белград го засилува присуството на југословенската армија и српската полиција во покраината. Прогласена е воена состојба.

Јули – лидерите на косовските Албанци прогласуваат независност. Србија го распушта собранието во покраината.

До септември над 100000 косовски Албанци вработени во државните претпријатија и институции беа отпуштени. Задушени се клутурните институции на косовските Албанци, а образованието на албански јазик е укинато, за повторно да биде воведено во 1994-та година.

1991

Албанија ја признава самопрогласената Република Коосово.

1992

Април – по отцепувањето на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Словенија од Социјалистичка Федерална Република Југославија, Србија и Црна Гора ја формираат Федерална Република Југославија.

Косовските Албанци одржуваат самоорганизиран плебисцит, кој не е признат од страна на Белград или од било која друга странска влада. Писателот Ибрахим Ругова, поборник за „пасивен отпор“, е избран за претседател на самопрогласената Република Косово и конституирано е собрание на покраината.

1995

Јули – Српскиот суд осудува 68 косовски Албанци, обвинети за формирање на паралелна полиција, до осум години затвор.

Август – Потегот на српските власти да сместат неколку стотици бегалци хрватски Срби во Косово предизвикува протести кај етничките Албанци.

1996

За прв пат се појавува сепаратистичка востаничка група, која се нарекува себе си Ослободителна Армија на Косово (ОAK) и која ја презема одговорноста за серијата бомбашки напади, како и напади врз српската полиција и државни претставници.

1997

ОНА организира серија напади врз српските лидери, полицијата и косовските Албанци кои соработуваат со Србите. Етничките Срби се протерани од многу мешани села.

Октомври – Студентските демонстрации на косовските Албанци се задушени од страна на српската полиција, со што беа предизвикани нови напади на ОАК.

1998

Февруари-март – Србија презема остри мерки во Косово. Многу луѓе се убиени, а стотици илјади цивили, во најголем дел косовски Албанци, се принудени да ги напуштат своите домови.

Април – 95 отсто од Србите гласаат на референдум против меѓународно посредување на Косово.

Мај – Милошевиќ и Ругова за прв пат одржуваат преговори, но по една српска офанзива во Дечани во која загинуваат неколку дузини косовски Албанци, албанската страна одбива да ги продолжи преговорите.

Септември – Дваесет и двајца косовски Албанци се пронајдени масакрирани во централно Косово по српските напади во регионот. Советот за безбедност на ОН усвојува резолуција, повикувајќи на прекин на огнот на Косово и ги предупредуваат белградските власти дека можат да се соочат со „дополнителни мерки“ доколку не го почитуваат.

Октомври – Соочувајќи се со закана од НАТО дека ќе изврши воздушни напади врз српските воени цели и според договорот склучен со посредство на американскиот специјален пратеник Ричард Холбрук, Милошевиќ се согласува да повлече дел од трупите, како и да пушти 2000 набљудувачи на ОБСЕ на Косово.

Декември – Триесет и шест припадници на ОНА се убиени од страна на српските сили во најлошиот судир од прекинувањето на огнот. Шест Срби се убиени во еден кафе бар, што предизвикува општи протести на Србите. Во новите борби во северниот дел загинуваат најмалку 15 лица.

1999

Јануари – Телата на 45 етнички Албанци се пронајдени во селото Рачак.

Февруари-март – Претставниците на завојуваните страни одржуваат мировни преговори со посредство на меѓународната заедница во Рамбуе, Франција. Преговорите се прекинати на 19-ти март откако српските претставници го одбиваат предложениот договор, потпишан од старна на косовските Албанци.

20-ти март – Меѓународните мировни набљудувачи се евакуираат, наведувајќи ги безбедноста и можноста од воздушни напади на НАТО како причини за тоа.

24-ти март – НАТО започнува воздушни напади врз Југославија.

10-ти јуни – Генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана наредува да се престане со воздушните напади. Советот за безбедност на ОН ја донесува Резолуцијата 1244, поздравувајќи го чекорот на Југославија да прифати политички договор, вклучувајќи и итен прекин на насилството и брзо повлекување на своите воени, полицилски и паравоени сили. Ставајќи го Косово под раководство на ОН, резолуцијата, исто така, дава овластување за формирање на УМНИК, како и ангажирање на мировна мисија на НАТО (КФОР).

2001

Ноември – Во Косово се одржани првите демократски општи избори, на кои победува Демократската Лига на Косово (ДЛК) на Ибрахим Ругова.

2002

Февруари – Ругова е избран за претседател на Косово, а Бајрам Реџепи станува премиер.

2003

14-ти октомври – Лидерите на Србите и косовските Албанци се среќаваат во Виена за нивните први преговори, лице в лице, по завршувањето на конфликтот 1998-1999.

Декември – ОН сумира група стандарди кои Косово мора да ги исполни за започнување на преговори за решавање на крајниот статус во 2005-та година.

2004

Март – Три дена етнички судири – најлошите по завршувањето на конфликтот 1998-1999. Загинуваат 19 лица, а стотици други се ранети. Стотици домови и многу верски споменици се уништени за време на нередите во покраината.

Октомври – Претседателот Ругова е повторно избран откако ДЛК победува на поштите избори, бојкотирани од страна на косовските Срби. Поранешниот командант на ОАК и лидер на Сојузот за иднина на Косово Рамуш Харајдинај станува премиер.

2005

Март – Харадинај се повлекува од функцијата премиер за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства во Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија. На негово место доаѓа Бјрам Косуми.

2006

21-ви јануари – Претседателот Ругова умира од рак на белите дробови во неговиот дом во Приштина, а следниот месец на негово место доаѓа Фатмир Сејдиу.

20-ти февруари – Во Виена започнуваат преговори помеѓу претставници на Србите и косовските албанци со директно посредство на ОН з аидниот статус на покраината. Преговорите се предводени од специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Кофи Анан, поранешниот фински претседател Марти Ахтисари.

Март – Соочувајќи се со критики од својата партија, Косуми се повлекува од функцијата премиер, а на негово место доаѓа поранешниот командант на ОАК Агим Чеку.

Октомври – Српските гласачи на референдум гласаа за нов устав. опишувајќи го Косово како неотуѓив дел од територијата на земјата.

2007

2-ри февруари -- Специјалниот претставник на ОН, Марти Ахтисари, го претстави предлогот за идниот статус на Косово. Истиот предвидува заштита на косовските малцинства и истовремено давање право на покраината за пристап во меѓународните организации и усвојување на национални симболи.

26-ти март -- Ахтисари поднесува извештај во Советот за безбедност на ОН. Тој вели дека Белград и Приштина не можат да постигнат договор и дека меѓународно надгледуваната независност е единствениот одговор за Косово.

3-ти април -- Советот за безбедност на ОН започна дискусии за планот на Ахтисари, кој е прифатен од страна на албанските водачи, но е отфрлен од Белград.

20-ти јули -- Нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност заснована на планот на Ахтисари е одложена поради противењето на Русија.

10-ти август -- „Тројката“ посредници што ги претставуваат ЕУ, САД и Русија започна нов круг разговори за статусот на Косово.

29-ти ноември -- Разговорите предводени од тројката завршуваат без договор.

2008

16-ти јануари -- Советот за безбедност на ОН се состана на разговори за Косово, но остана поделен по однос на ова прашање.

28-ми јануари -- Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за планираната мисија во Косово.

17-ти февруари -- Косовскиот парламент гласа за прогласување независност од Србија. Косово потоа ја признаваат како независна држава Соединетите Држави, неколку земји-членки на ЕУ и други земји од целиот свет.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading