03/10/2008
ЦЕЗ, чешко енергетско претпријатие, победи на тендерот од 102 милиони евра за приватизацијата на албанската електродистрибуција. Исто така во бизнис вестите: германското претпријатие „Медиа Маркт“ отвори нови продавници за електроника во Грција и Европската комисија ќе изгради соларна централа во северен Кипар.
![]() Властите се надеваат дека тендерот за приватизација ќе ги намали недостатоците на струја во Албанија. [Getty Images] |
Чешкото енергетско претпријатие ЦЕЗ победи на тендерот за 102 милиони евра за приватизацијата на албанската електродистибуција ДСО во понеделникот (29-ти септември). ЦЕЗ ќе инвестира 200 милиони евра во следните пет години, објави албанското Министерство за економија. Владата очекува продажбата на дистрибутивната мрежа ДСО да го намали недостигот на енергија во земјата.
***
Германското претпријатие „Медиа маркт“ отвори нова продавница за електроника во Грција. Новата продавница во Атина е најголема во Европа надвор од Германија. Таа покрива 9300 квадратни метри и има повеќе од 300 вработени. Вкупната инвестиција изнесува 20 милиони евра.
***
Европската комисија (ЕК) започна проект за изградба пилот соларна електоцентрала во северен Кипар која ќе пренесува електрична енергија во 2009 година. ЕК одвои околу 14 милиони евра за развој на енергетскиот сектор во северен Кипар. Таа ќе инвестира во соларна енергија, рече Ален Боторел, шеф на Канцеларијата на програмата за поддршка на ЕУ во Никозија во четвртокот (25-ти септември).
***
Aлбанската влада потпипа два договори во понеделникот (29-ти септември) вредни 38 милиони евра за изградба на индустриски паркови на пристаништата Валона и Шенѓин. Според договорите, албанското претпријатие ИДЕА Валона и германското АТКС Интернешнал, ќе инвестираат 21, односно 17 милиони евра.
***
Шведски експерти ќе му помагаат на Косовo да ги подобри методите на даночната администрација по договорот вреден 2,3 милиони евра помеѓу косовската и шведската влада. Министерот за економија и финансии, Ахмет Шала, во средата (1-ви октомври) рече дека даночната администрација е важно прашање за владата и вети целосна поддршка во спроведувањето на проектот.
***
Европската инвестициона банка се согласи да й позајми на Србијa 540 милиони евра, за изградбата на Паневропскиот транспортен коридор 10 во Србија, објави во средата (1-ви октомври) Министерството за економија. Околу 300 милиони евра ќе одат за делот Лесковац-Прешевац, а со 300 милиони евра ќе се финансира делот Ниш-Димитровград.
(Разни извори – 26/09/08-03/10/08)