Наука и технологија: Научниците се состанаа на разговори за мрежата за е-наука

22/09/2008

Повеќе од 600 научници се собраа во Истанбул на разговори за компјутерската инфраструктура Грид. Исто така во вестите од науката: Романија е можно да добие електронско гласање до 2012 година, и Босна и Херцеговина ја отвори својата прва клиника за проблеми со спиењето.
photo

Научниците од Големиот хадронски судрувач се во Истанбул на конференцијата Овозможување мрежи за е-наука.

Научниците од неколку земји кои учествуваа во експериментот на Големиот хадронски судрувач (ЛХЦ) на Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) се собраа на конференцијата ЕГЕЕ ’08 (Овозможување мрежи за е-наука) во Истанбул. Tурскиот Совет за научно и технолошко истражување (ТУБИТАК) им е домаќин на 600-те учесници на конференцијата од понеделникот (22-ри септември) до 26-ти септември.

***

Истражувачкиот комитет на Аристотеловиот универзитет во Солун создаде робот кој бара и спасува. Направата, висока само 60 сантиметри, има 19 сензори кои помагаат во лоцирањето на жртвите на природните катастрофи.

***

Редок мермерен саркофаг стар 2.500 години во облик на жена е откопан во Кипар, објави Павлос Флуренцос, директор на одделот за антиквитети на земјата, на 12-ти септември. Мермерно откритие од ваков вид е реткост на Кипар, велат експертите.

***

Романија би можела да воведе електронско гласање до следните парламентарни избори во 2012 година, објави министерот за внатрешни работи, Кристијан Давид. Системот ќе бара од гласачите да извадат електронска идентификација.

***

Група грчки компјутерски програмери влегоа во системот за безбедност на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), која го спроведува експериментот „Големото распрскување“ во Женева. Хакерите, кои се нарекуваат Грчки безбедосен тим, рекоа дека сакале само да ја изложат слабата безбедност на системот.

***

Првиот центар за проблеми со спиењето во Босна и Херцеговинa беше отворена на 15-ти септември во Клиничкиот центар во Бања Лука. Тој ќе им помага на локалните специјалисти да ги лечат нарушувањата поврзани со спиењето со најмодерни постапки.

***

Хрватскиот главен град Загреб е домаќин на изложбата Смарткарт 2008 од понеделник (22-ри септември) до среда. На настанот, најголем од ваков вид на Балканот, ќе учествуваат повеќе од 250 учесници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Турција и други земји.

(Разни извори – 15/09/08-22/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading