Дипломатски дневник: Романија и Соединетите Држави ќе соработуваат во спречувањето на нуклеарниот шверц

16/09/2008

Американското Министерство за енергија ќе й помогне на Романија да постави опрема за детекција на радиоактивност на граничните премини. Исто така во вестите од дипломатијата: Македонија потпиша четири договори со Кина, и Вишеградската четворка го поддржа членството во ЕУ за Хрватска.
photo

Американското Министерство за енергија ќе й помогне на Романија во борбата против шверцот на радиоактивни материјали. [Getty Images]

Романскиот министер за внатрешни работи, Кристијан Давид, и американскиот амбасадор, Николас Таубман, во понеделникот (15-ти септември) потпишаа договор помеѓу нивните земји за спречување на шверцот со нуклеарен и друг радиоактивен материјал. Американското Министерство за енергија ќе й помага на Романија во нејзините напори, кои вклучуваат поставување опрема за детекција на радиоактивност на граничните премини, пристаништа и аеродроми.

***

Maкедонијa и Кина во понеделникот (15-ти септември) потпишаа четири меѓународни договори. Македонскиот министер за економија, Фатмир Бесими, и кинескиот заменик-министер за трговија, Ју Гуангзу, потпишаа договор за еден милион евра, како и договор за техничка соработка. Во меѓувреме, македонската Агенција за странски инвестиции и Инвестициското биро при Министерството за трговија на Кина потпишаа меморандум за разбирање, како и документ кој предвидува кинеска донација на полето на човечките ресурси.

***

Чешка, Унгарија, Полска и Словачка во петокот (12-ти септември) изразија поддршка за кандидатурата на Хрватска за пристап во ЕУ. „Ние го поддржуваме понатамошното проширување [на Унијата]“, рече чешкиот претседател Вацлав Клаус на самитот на Вишеградската четворка -- регионален сојуз за соработка кој го формираа четирите земји во 1991 година.

***

Црногорската влада ќе започне разговори за предлог-договорот за двојно државјанство со земјите од поранешна Југославија, објави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Светозар Ѓуровиќ, во петокот (12-ти септември). Црна Гора има намера да оствари разговори со Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија, изјави Ѓуровиќ за подгоричкиот весник Републикa.

***

Aлбанскиот министер за внатрешни работи, Бујар Нишани, и норвешкиот амбасадор во Тирана, Карл Виби, во петокот (12-ти септември) потпишаа билатерални договори за реадмисија и олеснување на визниот режим. Според договорите, Норвешка ќе ги поедностави своите процесуди за издавање визи за албанските државјани, додека Албанија ќе ги прима своите државјани кои нелегално престојуваат во Норвешка. Договорите ќе ги унапредат билатералните напори за борба против шверцот и нелегалната имиграција, рече Нишани.

Разни извори – 09/09/08-16/09/08

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading