26/08/2008
Српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ, му рече на шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, дека ставањето на Србите под команда на КПС ќе значи признавање на независноста на Косово. Исто така оваа недела: премиерот на Исланд ја посети Албанија.
![]() Шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, се состана со српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ. [Архива] |
Српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ, во понеделникот (26-ти август) се состана со шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, на разговори околу враќањето на Србите во Косовската полициска служба и функционирањето на судството во северно Косово. Богдановиќ инсистираше на тоа дека српската полиција не треба да биде под контрола на КПС, бидејќи во спротивно „индиректно ќе го признае постоењето на самопрогласената држава Косово“.
***
Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем, во вторникот (26-ти август) пристигна во дводневна официјална посета на Кипар. Тој ќе се состане со претседателот Деметрис Христофиас и со министерот за надворешни работи, Маркос Кипријану. Се очекува договор за укинување на дипломатските визи.
***
Исландскиот премиер Геир Хаарде започна дводневна официјална посета на Aлбанијa. Тој во вторникот (26-ти август) оствари разговори со албанскиот колега Сали Бериша, како и со претседателот Бамир Топи и претседателот на парламентот, Јозефина Топали.
***
Tурскиот претседател Абдула Ѓул во четвртокот (21-ви август) се состана со романскиот колега во посета на земјата Трајан Басеску. Тие разговараа за мирот, стабилноста и просперитетот на јужнокавкаскиот регион. Басеску е на турнеја низ црноморските земји, вклучително и Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина.
***
Црна Гора ќе продолжи со модернизацијата на своите вооружени сили за исполнување на критериумите за евроатланската интеграција, рече министерот за одбрана, Боро Вучиниќ, во четвртокот (21-ви август). Неговиот коментар уследи по состанокот со Френк Боланд, заменик-директорот за планирање на силите на НАТО. Боланд рече дека следните месеци се особено важни за Црна Гора и нејзините врски со НАТО.
***
Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во средата (20-ти август) се состана со премиерот на Азербејџан Илхам Алијев, на разговори за воспоставувањето на Кавкаски пакт за стабилност и соработка. Ердоган, кој беше во еднодневна посета на Баку, му се заблагодари на Азербејџан за поддршката на пактот, кој го иницираше Турција.
(Разни извори 19/08/08-26/08/08)