20/08/2008
Струга, Македонија, ќе биде домаќин на својот 47-ми по ред поетски фестивал. Исто така во вестите: Бургас, во Бугарија, ужива во меѓународниот музички фестивал.
![]() Струга, Македонија, и оваа година ќе биде домаќин на поетскиот фестивал. [Struga.org] |
Градот Стругa, во Maкедонијa, ќе биде домаќин на 47-мото издание на Струшките вечери на поезијата, од четврток (21-ви август) до недела. На настанот ќе учествуваат 120 поети, вклучително и 70 странски уметници.
Централната плажа во Бургас, Бугаријa, беше домаќин на меѓународен музички фестивал, Духот на Бургас, од петок (15-ти август) до недела. На првото издание од фестивалот настапија светски познати уметници, како што се „Систерс оф мрси“, „Ејжн даб фондејшн“, „Кредл оф филт енд кошин“, меѓу другите.
***
Грчката канцеларија на јавниот обвинител прелиминарно ги испитува атлетичарите Фани Халкија и Тасос Гусис, чии позитивни резултати на допинг тестовите ги спречија да учествуваат на Олимпијадата во Пекинг. Нивните тренери, исто така, ќе бидат испитани.
***
Изложбата на стари семејни фотографии од градот Зуљана на хрватскиот полуостров Пељешац ќе биде дел од уметничката работилница „Лазарети“ в четврток (21-ви август). Изложбата „Фотографии од фиоките“ е проект на Борис Цвјетановиќ.
***
Дваесет и петото издание на меѓународниот Џез фестивал Нишвил, се одржа од 14-ти август до понеделникот (18-ти август) во Ниш, Србијa. Повеќе од 200 изведувачи од 18 земји учествуваа на настанот, кој привлече повеќе од 15.000 џез вљубеници.
***
Четвртото издание на Меѓународниот музички фестивал Цикладес беше отворен во вторникот (19-ти август) во Ермуполис на островот Сирос, во Грција. Фестивалот на класична музика завршува на 30-ти август.
(Разни извори – 13/08/08-20/08/08)