Наука и технологија: iPhone на „Епл“ 3Г доаѓа во Романија

11/08/2008

Најновиот iPhone им дава на корисниците можност за Интернет навигација со двапати поголема брзина од првичниот модел. Исто така во вестите од науката и технологијата: хакери упаднаа на веб-страниците на црногорскиот парламент и српското Министерство за земјоделство.
photo

iPhone на „Епл“ 3Г ќе биде достапен во Романија подоцна овој месец. [Getty Images]

Француското претпријатие за мобилна телефонија „Оранж“ ќе го донесе iPhone на „Епл“ 3Г на пазарот во Романија на 22-ри август. Истиот овозможува Интернет навигација за двапати побрза од првиот iPhone, а може да се користат стотици апликации од други производители.

***

Косовски хакери ја нападнаа веб-страницата на српското Министерство за земјоделство на 4-ти август. Нормалната содржина на веб-страницата беше заменета со насловот „Република Косово“, по што следеа податоци за поранешната српска покраина и листа на земјите што ја признаа нејзината независност.

***

Aлбанските хакери ја нападнаа веб-страницата на црногорскиот парламент на 3-ти август. Основната страница беше заменета со слика на двоглав орел, албанскиот грб и текст во кој нападот се припишува на „Групата на Улкин хакери“ и форумот „ЗероКул“.

***

Хрватскa би требало да го промени целосно аналогниот со дигитален радиотелевизиски сервис до 31-ви декември 2010 година, вели Игор Лучиќ, државен секретар во Централната државна канцеларија. Владата веќе обезбеди средства за префрлањето.

***

Бањалучката Неврохируршка клиника доби нов микроскоп кој се користи во комплицирани хируршки операции. Според директорката на клиниката, Весна Иванишевиќ, апаратот ќе им овозможи на локалните специјалисти да спроведуваат процедури на највисоко микрохируршко ниво.

***

Германските експерти ќе реставрираат вкупно 27 артефакти пронајдени во античкиот албански град Аполонија. Минатата година албанско-германски археолошки тим ги откри предметите, кои датираат од првиот век од н.е.

(Разни извори – 04/08/08-11/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading