Култура и спорт: Мадона ќе пее во Црна Гора

02/07/2008

Поп-ѕвездата Мадона планира концерт во Црна Гора. Исто така во вестите: отворен петтиот Атински меѓународен танцов фестивал и турскиот играч од средината, Хамит Алтинтоп, се најде на листата на најдобри фудбалери на Еуро 2008.
photo

[Getty Images]

Мадона ќе настапи во Црна Гoра во рамките на својата светска турнеја по повод 50-тиот роденден, објави во неделата (29-ти јуни) Макса Чатовиќ, шеф на продуцентската куќа Комуна. Концертот ќе се одржи на плажата Јаз кај Будва на 25-ти септември. Будва е единствениот град во Источна Европа каде што ќе настапи Мадона.

***

Петтиот Атински меѓународен танцов фестивал започна во вторникот (1-ви јули) го предградието на грчкиот главен град Гази. За време на фестивалот ќе настапат добитниците на наградите на Меѓународниот танцов натпревар во Хановер од 2006, 2007 и 2008 година, како и десет други странски и грчки танцови групи.

***

Турскиот играч од средината Хамит Алтинтоп се најде на листата на најдобри фудбалери на Еуро 2008, кое заврши во неделата (29-ти јуни). Главната група на Еуро 2008, објавена во понеделникот од Техничкиот тим на УЕФА, се состои од 23 играчи од осум репрезентации во четвртфиналињата. Шпанскиот играч од средината Чави беше прогласен за најдобар фудбалер.

***

Тридневниот музички фестивал Б’ЕСТФЕСТ ќе започне в петок (4-ти јули) во изложбениот центар Ромекспо во Букурешт. Ќе настапат некои од најголемите современи музички ѕвезди, како Аланис Морисет, Нели Фуртадо, Маник стрит причрс, Стереофоник и Сајпрес Хил.

***

Фестивалот на францускиот и франкофонскиот филм беше отворен во Охрид, Maкедонијa, во понеделникот (30-ти јуни). На петдневниот настан ќе бидат прикажани десет долгометражни и два кусометражни филмови на француски јазик. Македонскиот министер за култура, Арификмет Џемаили, и францускиот амбасадор во Скопје, Бернард Валеро, го отворија настанот.

***

Главниот летен културен фестивал во Босна и Херцеговина „Ноќите на Башчаршија“ започна во вторникот (1-ви јули) со светската премиера на операта на Ерик Бретон „Лизи“, како дел од Ноќите на француската музика. Годишниот фестивал се одржува и во месец јули, бидејќи голем број од неговите настани се одржуваат во историско Сараево.

***

Учесниците од 15 земји со 130 претстави ќе настапат на 48-миот Меѓународен детски фестивал во Шибеник, Хрватскa, кој започна на 21-ви јуни. Секоја година, две недели, Шибеник е домаќин на музичари, актери, филмски работници, поети, куклари и други изведувачи за младите гледачи. Фестивалот добива поддршка од УНИЦЕФ и УНЕСКО и е спонзориран од хрватскиот претседател Стипе Месиќ.

(Разни извори – 25/06/08-02/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading