Наука и технологија: Романските училишта ќе добијат бесплатни компјутери

16/06/2008

Романските ученици и професори ќе добијат бесплатни лаптопи. Исто така во вестите: грчките археолози откопаа нови артефакти од хеленистичкиот период и во Бистрица, Романија, започна меѓународен конгрес за аутизмот.
photo

[Getty Images]

<b>Романските</b> основци и професорите во средните училишта ќе добијат бесплатни лаптопи за академската година 2008-2009. Министерството за образование ќе обезбеди средства за купувањето. Околу 300.000 ученици и професори се очекува да имаат корист од иницијативата оваа година.

***

Археолозите откопаа четири златни венци, златни обетки и други артефакти од хеленистичкиот период во една од 700 гробници пронајдени за време на градежните работи за подземната железница во Солун во округот Синтривани. Археолозите ги најдоа венците како украс на остатоците на една жена. Тие порано сметаа дека во таа област се наоѓале гробишта на сиромашни.

***

Меѓународниот конгрес за аутизам заврши во саботата (14-ти јуни) во Бистрица, Романијa. На настанот учествуваа 250 специјалисти од Канада, Германија, Холандија, Шведска, Велика Британија, Франција и Романија. Учесниците разговараа за новите третмани и лекови за аутизам.

***

Хидробиолошкиот институт во Oхрид и германскиот Институт за геологија и минералогија во Келн, утврдија дека Охридското Езеро е старо околу 3 милиону години. Понатамошните испитувања, најверојатно, ќе го објаснат високиот степен на ендемизам на езерото, за кој сега научниците сметаат дека се должи на неговата старост и изолирана местоположба.

***

Хрватскиот продавач на опрема „Ериксон Никола Тесла“ (ЕНТ) во вторникот (10-ти јуни) објави дека обезбедил договор со телеком операторот од Федерацијата на Босна и Херцеговинa (ФБиХ), БиХ Телеком, за обезбедување услуги базирани на локација. Според овој договор, вреден 760.000 евра, експертите на ЕНТ ќе обезбедат интеграциски услуги за мобилниот позиционерски систем 9,0 на Телекомот на БиХ.

(Разни извори – 09/06/08-16/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading