Дипломатски дневник: Британското кралско семејство во посета на Турција

13/05/2008

Кралицата Елизабета Втора е во Турција оваа недела. Исто така во дипломатските вести: францускиот премиер Франсоа Филон го посети Кипар и албанскиот министер за надворешни работи, Лулзим Баша, присуствуваше на седницата на Министерскиот комитет на Советот на Европа.
photo

Британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип, војводата од Единбург, допатуваа во Турција во вторникот (13-ти мај). [Getty Images]

Англиската кралица Елизабета Втора допатува во Турција во вторникот (13-ти мај), во нејзина трета посета на земјата. Кралицата ја посети Турција за првпат по државниот удар на 27 мај 1960 година, состанувајќи се со државниот водач Џемал Гурсел. Таа се врати во октомври 1971 година, повторно по државниот удар. Овојпат таа и принцот Филип допатуваа на покана од претседателот Абдула Ѓул.

***

Грчкиот премиер Костас Караманлис во понеделникот (12-ти мај) се состана со претседателот на Кипарскиот претставнички дом, Мариос Каројан. Тој, исто така, планира да се состане со претседателот Каролос Папуљас, претседателот на парламентот, Димитрис Суфас, и министерката за надворешни работи, Дора Бакојани, пред да ја заврши својата посета во вторник.

***

Франција ќе стори сé што е во нејзина моќ како постојана членка на Советот за безбедност на ОН да му помогне на Кипар, рече францускиот премиер Францускиот премиер Франсоа Фило во саботата (10-ти мај) во Никозија. На заедничката прес-конференција со кипарскиот претседател Деметрис Христофиас, Филон рече дека решавањето на кипарското прашање мора да почива на меѓународното право. „Како резултат на иницијативите кои ги преземаме, постои мобилност, која се надеваме дека на крајот ќе доведе до преговори за целосно решение на кипарскиот проблем“, рече Христофиас.

***

Претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговинa (БиХ), Харис Силајџиќ, во неделата (11-ти мај) се состана со либискиот премиер Ел Багдади Али ел-Махмуди. Разговарајќи за билатералната економска соработка, Силајџиќ рече дека постојат многу области во кои двете земји може да ги зајакнат врските, вклучително и културата, спортовите и туризмот. Тој додаде дека БиХ, иако не е голема земја, има големи ресурси, вклучително и електрична енергија.

***

Aлбанијa верува дека независноста на <b>Косовo</b> претставува најдобар придонес за мирот на Балканот, рече во четвртокот (8-ми мај) албанскиот министер за надворешни работи, Лулзим Баша, во Стразбур, каде што присуствуваше на 118 седница на Министерскиот комитет на Советот на Европа. „Ние ја поддржуваме најновата држава, Косово, како најстабилно решение што придонесува за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и во цела Европа“, рече Баша.

***

Привремениот специјален претставник во ОН, генералниот секретар Бан Ки-Мун за Кипар, Елизабет Спехар, го напушти поделениот остров на 7-ми мај. Таа го замени поранешниот специјален претставник на ОН, Мајкл Молер, во март. Нејзиниот наследник, етиопискиот дипломат Таје-Брук Зерихун, се очекува да допатува оваа недела.

***

Грција и Естонија во понеделникот (12-ти мај) се согласија да ја прошират економската соработка, особено во туризмот. Договорот уследи по состанокот помеѓу грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, и нејзиниот естонски колега, Урмас Пает. Грција е една од најпопуларните дестинации помеѓу Естонците: 40.000 ги посетија островите минатата година.

(Разни извори 06/05/08-13/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading