07/05/2008
Повеќе од 2.000 видови цвеќиња и билки се изложени во грчкиот главен град. Исто така, оваа недела: Букурешт е домаќин на меѓународен џез натпревар.
![]() Педесет и четвртата атинска Изложба на цвеќе опфаќа преку 2.000 видови цвеќиња и билки. [Getty Images] |
Педесет и четвртата Изложба на цвеќе беше отворена во атинското северно предградие Кифисиа. Настанот завршува на 18-ти мај, и нуди можност да се видат повеќе од 2.000 видови билки и цвеќиња. Истата ќе биде придружена со серија културни настани, со цел промовирање на еколошката заштита.
***
Првиот Mакедонски филмски фестивал се одржа од 29-ти април до понеделникот (5-ти мај) во Лондон. Истиот беше отворен со филмот „Сенки“ во режија на Милчо Манчевски.
***
Букурешт ќе биде домаќин на меѓународниот џез натпревар од четврток (8-ми мај) до понеделник, на кој ќе учествуваат 19 групи од 15 земји. Настанот е дел од серијата ЕУРОПАфест. Жирито вклучува џез-уметници од целиот свет, како што е Италијанецот Роберо Магрис и Јужноафриканецот Мајкл Роси.
***
Дваесет и петтиот Класичен маратон во Aтина ќе се одржи в недела (11-ти мај), на Денот на мајката. Трката ќе започне на стадионот Калимармаро и ќе заврши во центарот на градот. Тркачите со инвалидитет, исто така, ќе учествуваат на настанот.
***
Единаесеттиот Истанбулски меѓународен фестивал на куклен театар започна во петокот (2-ри мај). Учесници од Tурција, Aргентина, Австрија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија, Италија и Русија учествуваат на настанот, кој беше отворен со изведбата на претставата „Пулс“ на Италијанецот Клаудио Чинели.
***
Изложба на сараевските занаети беше отворена во понеделникот (5-ти мај), по повод Денот на сараевскиот кантон. Изложбата има за цел да ја зајакне заштитата на културното наследство и да го охрабри културниот туризам во Сараево.
(Разни извори – 30/04/08-07/05/08)