Дипломатски дневник: Српскиот министер за одбрана го посети Косово

06/05/2008

Српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, ги повика косовските гласачи да ги изберат прозападните кандидати. Исто така оваа недела: Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора потпишаа договор за прекугранична соработка.
photo

Српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, во понеделникот (5-ти мај) беше во Грачаница. [Лаура Хасани]

Српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, во понеделникот (5-ти мај) беше во градот Грачаница, во кој живее српско население, јужно од Приштина. Шутановац, висок претставник на Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ, донесе хуманитарна помош во градот, и ги повика Србите во Косовo да гласаат за прозападните кандидати на српскита парламентарни и локални избори в недела. Шутановац вели дека способноста на Србија да му помогне на српското малцинство во Косово ќе биде заслабната ако гласачите не изберат кандидати кои ги поддржуваат поблиските врски со ЕУ.

***

Босна и Херцеговина (БиХ), Хрватскa и Црна Гора потпишаа договор за прекугранична соработка во понеделникот (5-ти мај). Документот беше потпишан за време на состанокот на министрите за надворешни работи на трите земји во Дубровник, јужна Хрватска. Истиот го отвора патот за соработка во случај на природни катастрофи, заедничко управување со природни ресурси и други активности од заеднички интерес за трите земји.

***

Tурција и понатаму ги поддржува напорите на Македонија да стане членка на НАТО, рече во неделата (4-ти мај) турскиот претседател Абдула Ѓул за време на неговата посета на Скопје, каде што се состана со својот македонски колега, Бранко Црвенковски. Двајцата се согласија да работат на продлабочување на економските врски и зголемување на турските инвестиции во Македонија. Исто така, беше потпишан Договор за соработка во спречувањето и одговарањето на природните катастрофи.

***

Американскиот помошник државен секретар Метју Џ. Бриза, во саботата (3-ти мај) објави дека планира да го посети Кипар во текот на следните две недели, со цел да ја процени работата на експертите и техничките комисии со задача да ги подготват новите разговори за иднината на поделениот остров. Во март новоизбраниот кипарски претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, се состанаа и се договорија да започнат преговори.

***

Кипарскиот министер за надворешни работи, Маркос Кипријану, во вторникот (1-ви мај) се состана со својот германски колега Френк-Волтер Стајнмаер, во Берлин. Тие разговараа за Кипар, ситуацијата во ЕУ, и односите на блокот со Турција, Русија и Србија.

***

Владејачките и опозициските пратеници беа дел од албанската делегација што ги посети Соединетите Држави на покана од Комитетот за надворешна политика во американскиот Стејт департмент. Делегацијата беше предводена од членот на Демократската партија (ДП) Прец Зогај, кој претседава со парламентарниот Комитет за надворешна политика, и од страна на заменик-претседателот на Социјалистичката партија, Арте Даде. За време на посетата, албанските пратеници се состанаа со директорот на Советот за национална безбедност за Европа и НАТО, Топи Бредли.

(Разни извори 29/04/08-06/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading