Наука и технологија: УСАИД донира компјутери за македонските училишта

28/04/2008

Како дел од напорите за зајакнување на образованието и употребата на технологијата во училниците, девет македонски основни училишта добија компјутери и софтвер. Исто така во науката и технологијата оваа недела: пораст на бројот на случаи на рак во Албанија, и Букурешт се рангира меѓу најзагадените градови во ЕУ.
photo

Девет основни училишта во Македонија добија лап-топ компјутери со софтвер од УСАИД. [Getty Images]

УСАИД во четвртокот (24-ти април) донираше 130 врвни лап-топ компјутери, придружни средства и софтвер во девет пилот основни училишта во Maкедонијa. Направени за употреба во училници, безкабелските лап-топ компкутери Earthwalk содржат водоотпорни тастатурни штитници, безжичен интернет и далечински долготрајни батерии. Донацијата е дел од проектот на УСАИД за зголемување на технолошкото познавање на учениците и подобрување на квалитетот на образованието во Македонија.

***

Aлбанското телеком претпријатие, Албтелеком, потпиша заем во висина од 100 милиони евра за модернизација на технолошките ресурси и зголемување на капацитетот. Претпријатието, кое држи 10 отсто од уделот на пазарот, рече дека Европската банка за реконструкција и развој ќе му позајми 75 милиони евра, додека остатокот ќе дојде од Црноморската банка за реконструкција и развој.

***

Околу 4.000 луѓе добиваат дијагноза за болести поврзани со тумор секоја година во Aлбанијa, објави во четвртокот (24-ти април) Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, главната причина за високиот процент на случаи на рак се конзумирањето алкохол и тутун, храната и животниот стил. СЗО е загрижена поради зголемениот процент на рак помеѓу младите во Албанија.

***

Робот осмислен и направен од студенти по Бизнис и технологија на Универзитетот во Приштина ќе го претставува Косовo на Европското фудбалско првенство на роботи во јуни, ЕУРОБИ 2008 во Австрија. Организатори на ЕУРОБИ 2008 се Федерацијата на меѓународни роботски фудбаски здруженија и Институтот за направи за ракување и роботи при Виенскиот универзитет за технологија.

***

Романскиот главен град Букурешт води на најновата листа на ЕУ на најзагадени градови во Унијата, по Софија, Атина и Рим, објави во четвртокот (24-ти април) Адријан Катрина, извршен директор на Букурешката агенција за заштита на животната средина. Во моментов осум фиксни набљудувачки станици регистрираат потенцијално загадување во Букурешт, додека податоците се на располагање на три огласни табли во најфрекфентните области на градот.

***

Вкупно 650.000 жители на Црна Гора прават 1,11 милион корисници на мобилни телефони, објави на 19-ти април црногорската Државна агенција за телекомуникации. Бројот на корисници на мобилни телефони се зголеми за 68 отсто во споредба со март минатата година, според агенцијата.

***

Шест романски студенти во неделата (27-ми април) го освоија гранд прито на натпреварот на НАСА за 2008 година Дизајн на вселенска населба, со нивниот истражувачки проект. Тимот се натпреваруваше против 156 проекти, поднесени од 840 студенти од 11 земја и десет американски држави.

(Разни извори – 21/04/08 - 28/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading