Воени спасувачи ја ослободија киднапираната Романка во Египет

30/09/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Министерството за надворешни работи во понеделникот (29-ти септември) го објави ослободувањето од страна на египетските и суданските сили -- со помош на европските командоси -- на романската државјанка Оана Калис, која беше киднапирана во Египет пред повеќе од една недела. Таа е во добра состојба. Вооружени напаѓачи ја киднапираа Калис, заедно со десет други европски туристи и осум Египќани, во оддалечена област во Египет. Властите во Египет, Судан, Германија, Италија и Романија соработуваа за нејзиното ослободување. Египетското Министерство за одбрана објави дека египетските и суданските сили убиле половина од киднаперите. (Meдиафакс, Хотњус, Зиаре, Ројтерс - 29/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading