Романските сенатори овластија две истраги за корупција на високо ниво

27/08/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Сенатот во вторникот (26-ти август) даде зелено светло за истрагите за корупција на високо ниво против министерот за труд Пол Пакурару и поранешниот министер за економија, Кодрут Серес. Серес се соочува со обвиненија за шпионажа и предавство, во врска со процесот на приватизација, како и за наводно давање доверливи трговски информации поврзани со продажбата на државните претпријатија. Пакурару се соочува со обвиненија за мито и злоупотреба на функцијата. Обвинителите велат дека претпријатие во сопственост на неговиот син го добило договорот со едно државно претпријатие во замена за тоа да се задржи еден висок функционер во трудовиот инспекторат во Горј на неговата позиција. Двајцата негираа какви било злоупотреби. (AП, Агерпрес, Адеварул - 26/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading