27/08/2008
ХАГ, Холандија -- Во жалбата објавена во вторникот (26-ти август) поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, бара Хашкиот трибунал за воени злосторства да го поништи неговото судење поради процедурални нарушувања, закани и други нерегуларности. Тој тврди дека презумпцијата на невиност се претворила во „фарса“ бидејќи медиумите ја „демонизирале“ неговата личност. „Нема ниедна личност на светот кој верува дека можам да бидам ослободен“, вели Караџиќ. Повеќето судии во Трибуналот се од земјите-членки на НАТО, додава тој, истакнувајќи дека ниту еден не претставува некоја словенска земја. Неговото следно рочиште е закажано за в петок. (AФП, АП, Танјуг, Б92, РТС - 26/08/08)