Австрија можеби ќе одржи референдум за членството на Турција во ЕУ

26/08/2008

ВИЕНА, Австрија -- Владејачката партија во земјата одлучи да свика референдум за кандидатурата на Турција за членство во ЕУ, ако Анкара успешно ги заврши своите предпристапни разговори. Во интервјуто за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг во саботата (23-ти август), австриската министерка за надворешни работи, Урсула Пласник, рече: „Членството на Турција ќе й донесе нова димензија на европската интеграција и ЕУ.“ Неодамнешните анкети во Австрија покажаа значителен скептицизам за членството во ЕУ за Турција. Нивото на неодобрување е 80 отсто. (Еурактив - 25/08/08; Хуријет - 23/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading