Русија ги обвинува балканските земји дека й продаваат оружје на Грузија

26/08/2008

МОСКВА, Русија -- Москва вели дека Албанија и неколку други балкански земји ја снабдуваат Грузија со оружје кое се користи во конфликтот со Русија. За време на прес-конференцијата во Москва во понеделникот (25-ти август) Анатолиј Ноговитсин, заменик-началник на рускиот здружен Генералштаб, рече дека покрај Албанија, „Македонија, Бугарија, Украина, Србија, Унгарија и Романија“ ја снабдувале Грузија. Изминатиот викенд Москва го обвини Вашингтон дека му помага на Тбилиси во проблематичниот регион на Јужна Осетија. (Балканвеб, Топ ченал, Телеграфи - 25/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading