08/07/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Претседателот Георги Парванов во понеделникот (7-ми јули) рече дека треба да има јасни и транспарентни правила за здружувањето, регистрирањето и функционирањето на политичките партии во Бугарија. Во последните месеци Парванов силно се залага за мнозински гласачки систем. Постоењето на повеќе од 380 партии ги испразнува истите од каква било вистинска содржина и ги претвора во маска за корпоративни и бизнис интереси и во инструмент за акумулирање богатство, рече Парванов во понеделникот. Најголемите партии се изјаснаа против можната промена на состојбата на статус кво.
Исто така во понеделникот, бугарскиот премиер Сергеј Станишев рече дека ако Македонија не добие покана за пристап во ЕУ, ќе се создадат сериозни проблеми во земјата кои ќе ја загрозат стабилноста и во Бугарија и Грција. Во интервјуто за грчкиот весник Имерисија, Станишев ја изрази поддршката на Бугарија за европската интеграција на сите земји од Западен Балкан. Тој, сепак, истакна дека е сосема јасно оти Македонија ќе остане надвор од ЕУ ако не го реши својот спор во врска со името со Грција. (Утрински весник, Вечер, Сега - 08/07/08; Дарик, Актуално, Нетинфо, БТА, Фокус, Софиска новинска агенција, ИНА, Макфакс, Сител - 07/07/08)