Заменик високиот претставник во БиХ посочи дека ОХР би можела да се затвори за една година

01/07/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Заменик високиот претставник Рафи Грегоријан во понеделникот (30-ти јуни) рече дека ако БиХ продолжи со сегашното темпо на реформи и ги исполни петте услови и двете дополнителни барања што ги постави Советот за спроведување на мирот (ПИК), Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) би можела да се затвори за една година. Тој ги отфрли медиумските шпекулации дека дополнителни услови, вклучително и уставни реформи, може да бидат додадени на листата. Грегоријан истакна дека иако експертите препорачаа уставни реформи за да ги насочат идните реформски напори, тоа не е услов за затворање на ОХР. Тој потврди дека временската рамка целосно зависи од политичарите во БиХ.

ОХР требаше да стави крај на својата мисија во јули 2007 година, но членовите на ПИК одлучија дека долготрајните политички превирања околу реструктуирањето на полицијата и уставните реформи ја направија БиХ неспособна да управува самостојно. Во февруари ПИК определи пет услови за затворање на ОХР. (Дневни аваз, РТРС, ПБС - 30/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading