01/07/2008
АНКАРА, Турција -- Новата анкета покажа дека јавноста е поделена во врска со предложената забрана на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Мало мнозинство -- 53,3 отсто -- се противат на мерката, според истражувањето на „А енд Г Рисрч“, објавено во понеделникот (30-ти јуни). Вкупно 34 отсто ја поддржуваат забраната, додека 38 отсто рекле дека се плашат од економски и политички хаос ако АКП биде затворена поради наводно поткопување на секуларниот карактер на државата. Обвинителот во случајот, Абдурахман Јалцинкаја, во вторникот се обрати пред Уставниот суд. Одбраната ќе одговори в четврток. (Хуријет, Заман - 30/06/08)