Истакнат турски интелектуалец ослободен од обвиненијата за тероризам

25/06/2008

AНКАРА, Турција -- Врховниот суд во вторникот (24-ти јуни) го потврди ослободувањето на истакнатиот интелектуалец Фетула Гулен, кој се соочуваше со обвиненија за формирање терористичка организација, со цел поткопување на секуларната држава. Одлуката ја потврди пресудата на понискиот турски кривичен суд по седумгодишното судење. Гулен се смета за еден од највлијателните фигури во исламскиот свет.

Во другите вести, следното рочиште во судењето против младичот кој наводно го застрела турско-ерменскиот новинар Хрант Динк, ќе се одржи на 7-ми јули и ќе биде отворено за јавноста, објави судот. Огун Самаст полни 18 години овој месец, со што судот ќе може да ја отвори расправата за јавноста. Вооружен напаѓач го застрела Динк (53) пред канцелариите на неговиот весник Агос во Истанбул, во јануари 2007 година. (Заман, Хуријет, Сабах, Гардијан - 25/06/08, Бианет њус - 24/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading