Претставникот на ОН Нимиц во посета на Грција и Македонија во врска со спорот околу името

24/06/2008

AТИНА, Грција -- Претставникот на ОН, Метју Нимиц, оваа недела ќе се врати во Атина и Скопје, на разговори околу долготрајниот спор во врска со името на Македонија. В четврток (26-ти јуни) Нимиц ќе се состане со грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, и други претставници. В петок тој ќе се состане со македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски во Скопје. Нимиц неодамна оствари серија разговори со двете страни во обид за постигнување компромис, но постигна мал напредок.

Во меѓувреме, Бакојани се очекува да разговара во врска со спорот околу името во вторник, за време на состанокот со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, на маргините од меѓународната донаторска конференција во Берлин.

Во другите вести, грчкиот бизнисмен Јоргос Милонас, кого киднаперите го ослободија откако претходно го држеа затворен 13 дена, ја објави својата оставка од претседателската функција на Федерацијата на индустриите на северна Грција. Милонас рече дека сака „да минува повеќе време со своето семејство“. (веб-страница на ОН, АНА-МПА, Нафтеборики, Репортер, МИА, In.news - 23/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading