24/06/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Новоназначениот шеф на УНМИК, Ламберто Заниер, го одржа својот прв официјален состанок со владините водачи во понеделникот (23-ти јуни). „Мојот прв чекор е да сфатам како е граден УНМИК, а потоа ќе продолжам со завршувањето на задачите на мисијата, но секогаш имајќи ги предвид новонастанатите околности на терен“, рече Заниер по состанокот со претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи. Заниер рече дека тесно ќе соработува со мисијата на ЕУ, ЕУЛЕКС, на реструктуирањето на УНМИК. Сејдиу рече дека Приштина му нуди институционална поддршка на Заниер. „Процесот на реструктуирање на УНМИК ќе биде многу кус и ќе трае само неколку месеци“, рече претседателот по состанокот. Тој потврди дека Косово ќе ги отфрли евентуалните нови преговори за статусот со Белград. (Коха Диторе, Експрес, Зери, Лајм - 24/06/08)