Армијата нападна членови на ПКК, кои се обидуваа да влезат во Турција

17/06/2008

АНКАРА, Турција -- Армијата нападна група од 21 член на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК), кои се обидоа да влезат во Турција од регионот Зап во северен Ирак во понеделникот (16-ти јуни). Генералштабот издаде соопштение во вторникот, во кое се вели дека армијата „ја неутрализираше“ групата што се движела кон турската граница.

Во другите вести, турската полиција заплени 41 килограм хероин на границата со Бугарија во понеделникот. Откако куче-трагач за дрога ја пронајде во автомобил на границата Капикуле, властите го уапсија бугарскиот возач. (Новинска агенција Анадолу, АП, АФП - 17/06/08; Ксинхуa - 16/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading