Турската владејачка партија ја поднесе својата одбрана до Уставниот суд

16/06/2008

AНКАРА, Турција -- Евентуалната забрана на Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) ќе ги продлабочи поделбите во Турција и ќе ги влоши врските со ЕУ, според студијата спонзорирана од американскиот Пентагон и објавена од страна на турските медиуми во понеделникот (16-ти јуни). Затворањето на АКП, пак, најверојатно нема да ја елиминира партијата како политичка сила бидејќи „ако биде затворена, партијата најверојатно едноставно ќе се појави со друго име“, се вели во извештајот. Пентагон заклучува дека премиерот Реџеп Тајип Ердоган е ориентиран кон Европа и изборниот успех на партијата „не значи поддршка на јавноста за една исламистичка агенда“. АКП ќе ја поднесе својата одбрана до Уставниот суд в понеделник, во случај да биде затворена за наводно поткопување на секуларизмот во Турција. (Заман - 16/06/08; Хуријет, Чихан - 15/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading