Независен кандидат стана градоначалник на Букурешт

16/06/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Независниот кандидат Сорин Опреску победи на градоначалничките избори во неделата (15-ти јуни). Тој освои 54,3 отсто од гласовите, според прелиминарните податоци од влијателниот анкетар ИНСОМАР. Кандидатот на Демократско либералната партија (ПЛД) Василе Блага беше втор со 45,7 отсто од гласовите. Во градскиот совет, ПЛД има 24 од вкупно 55 места, за разлика од 16-те места за Социјалдемократската партија (ПСД) и осумте места за Национал-либералната партија (ПНЛ).

Во меѓувреме, во селото Воинести во округот Јаси, победник почина пред да дознае за победата. Кандидатот на ПСД, Некулаи Иваску (58), кој беше градоначалнок во селото во изминатите 18 години, почина во неделата изутрина. Гласањето продолжи и Иваску победи со мала разлика пред својот противкандидат од ПНЛ. Бирото за селските избори ќе одлучи дали ќе одржи ново гласање или ќе го прогласи кандидатот на ПНЛ за победник. (Зиуа, Евениментул зилеи, Гандул - 16/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading