27/05/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Франко Фратини, поранешниот комесар за правда на ЕУ, кој е сега италијански министер за надворешни работи, не очекува најсериозни можни санкции против Бугарија за корупција. Од Брисел, каде што учествуваше на самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ, тој рече дека според членот 7 од Ничанската спогодба, Бугарија би можела да добие одземање на некои права на членките на ЕУ ако има доказ за кршење на основните принципи. Сепак, оваа одлука бара едногласност, за што веројатноста е мала, смета Фратини. Минатата недела Ројтерс објави дека ЕЌ ќе го суспендира пристапот на Бугарија до 500 милиони евра од фондовите на ЕУ поради проблемите со корупцијата. (Труд, Дневник - 27/05/08; бТВ, БТА, БНР - 26/05/08)