26/05/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Претседателот Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, се состанаа во петокот (23-ти мај) во обид да му дадат нов поттик на процесот за обединување на поделениот остров. Тие го разгледаа напредокот на работните групи во подготвувањето на разговорите, но не успеаја да договорат временска рамка за идните преговори. Сепак, во заедничката изјава објавена подоцна се изразуваат пофалби за „искрените и плодни разговори“ помеѓу двете страни. Христофиас и Талат ја потврдија својата решеност за формирање бизонална федерација на две заедници со политичка еднаквост, како што е дефинирано во резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
Претходникот на Христофиас, Тасос Пападопулос, жестоко реагираше на изјавата од неделата, велејќи дека таа претставува чекор назад за кипарските Грци. Христофиас и Талат се состанаа за првпат накратко во март, по изборот на Христофиас за претседател и одлучија да го обноват процесот на повторно обединување. Кипар е поделен од 1974 година. (Хуријет, Заман - 26/05/08; AФП, Ксинхуа - 23/05/08)