Косовски градоначалник осуден за попречување на правдата

09/05/2008

ПРИШТИНА, Косовo -- Градоначалникот на Скендерај во четвртокот (8-ми мај) замина за затворот Дубрава, за да го отпочне одлежувањето на четиримесечната затворска казна. Градоначалникот Сами Луштаку беше прогласен за виновен во февруари за попречување на правдата и заканување на општински судија, во врска со случајот на протерување на узурпатор од српски имот во ноември 2005 година. Луштаку е поранешен висок припадник на Ослободителната војска на Косово. (Eкспрес, Лајм - 09/05/08; Tелеграфи - 08/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading