Предвремените избори сé уште се опција во Турција

09/05/2008

AНКАРА, Турција -- Премиерот Реџеп Тајип Ердоган ги заврши состаноците со своите пратеници, со цел да ги слушне нивните реакции на актуелниот случај на затворање на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). На прес-конференцијата во четвртокот (8-ми мај), претставникот на АКП, Нихат Ергун рече дека голем број пратеници ја советувале партијата да свика предвремени избори, можеби во август, во зависност од исходот на судската парница за затворање на нивната партија. Тој рече дека ги поддржува предвремените избори, истакнувајќи дека ако парламентот не може да најде начин за излез од политичката криза, предвремените избори ќе станат неизбежни. Минатата недела Ердоган ја отфрли можноста за локални или општи избори.

Началникот на Генералштабот, генерал Јашар Бујуканит, во средата рече дека Турција треба да ја избегне можноста за зголемување на поларизацијата во јавноста. (Заман - 09/05/08; Чихан, НТВ - 08/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading