09/05/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Антикорупцискиот оддел (ДНА) во четвртокот (8-ми мај) ги објави плановите за отпочнување истрага за евентуална корупција и местење натпревари во романската фудбалска лига. Полицијата во средата притвори пет лица за нивната наводна вмешаност во скандалот. Иако ДНА одби да ги идентификува, локалните медиуми објавија дека тие биле уапсени во ресторан непосредно пред решавачкото дерби на локалната лига помеѓу Универзитатеа Клуј и ЦФР Клуј. Полицијата, наводно, пронашла 1,4 милиони евра кај групата, можеби наменети за местење на натпреварот. ЦФР Клуј ја порази Универзитатеа Клуј со 1:0, станувајќи првиот тим што не е од Букурешт, а го освоил државното првенство, од 1989 година. (Ромпрес, Медиафакс, Hotnews.ro, Ројтерс - 08/05/08)